Дел од општина Центар утре без струја

22 декември, 2017 | 10:09 часот | 547 прикажувања |

Корисниците од улицата „Васил Главинов“ во општина Центар утре од 7 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.