Мијалков и Јанкуловска на обвинителна клупа за случајот прислушување

22 декември, 2017 | 9:53 часот | 567 прикажувања |

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска ќе седнат на обвинителна клупа за случајот со незаконското прислушување. Во оваа постапка обвинети се уште три лица.

Ова е прв случај за кој почнува судскиот процес, а е директно поврзан со нелегалното прислушување, откако претходно СЈО се откажа од обвинителниот акт за случајот „Пуч“. „Таргет-Тврдина“ се всушност две истраги што ги водеше обвинителството кои се споени во еден обвинителен акт. Предметот се однесува на незаконско уништување на два системи за прислушување во МВР и следење на комуникациите на над 5.000 телефонски бровеви противзаконски односно без судска наредба.

Грујевски и Бошковски избегаа кога им беше одреден притвор кога беше поднесено обвинението токму за овој предмет. Тие во моментов се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Грција каде бараа и политички азил, а судот во Солун денеска треба да се одлучи дали двајцата ќе бидат екстрадирани.

фото: МИА