
Генералното собрание на Обединетите нации, со 128 гласа „за“, 9 „против“ и 35 „воздржани“, на вонредната седница усвои резолуција со која признавањето на Ерусалим за главен град на Израел од страна на САД, го прогласи за неважечко.
Македонија е една од 128-те земји кои гласаа „за“.Од другите земји од регионот, Србија, Словенија, Албанија и Црна Гора гласаа „за“, додека Хрватска и Босна и Херцеговина беа воздржани.