Следната година ќе биде година на електрични автомобили

21 декември, 2017 | 21:47 часот | 485 прикажувања |

Во 2018 година, електричните автомобили конечно ќе станат одржлива опција за американските семејствата, велат анализите на експертите, кои ги пренесува СиЕнЕн. Следната година, како што велат тие, ќе биде пресвртница во крајна електрификација на американските патишта.

Електричните автомобили се уште ќе сочинуваат само 1,5 проценти од продажбата на автомобили во САД, според Navigant Research.

Американците конечно ќе можат да купат разумно прифатливи и широко достапни електрични автомобили. Автомобилите како Chevrolet Bolt EV, редизајнираниот Nissan Leaf и Tesla Model 3 ќе почнат да го одземаат “проблемот со довербата”, појаснува аналитичарот Ребека Линдланд.

„Електричните автомобили се далеку поедноставни, механички, од автомобилите со внатрешно согорување и треба да бидат посигурни. Но, ќе треба време луѓето да сфатат дека нема да се замрзнуваат како нивните паметни телефони“, вели Линдланд. Таа додава дека гледањето на повеќе електрични автомобили на патиштата, ќе помогне многу во олеснување на тие стравови.

извор: Макфакс