Села: Позицијата „вицепремиер за носење бурек“ ќе им ја отстапам на ДУИ

21 декември, 2017 | 17:10 часот | 733 прикажувања |

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијдан Села, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, во Владата, изјави дека Алијансата нема да се откаже од Министерството за здравство и дека не прифаќа новоформирани позиции. Тој рече дека Алијансата останува дел од Владата додека трае процесот на реформи.

„Опстојуваме на нашите ставови и нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата. Дадов предлог да се стокми друга позиција заменик премиер за носење бурек, која ќе му ја отстапам на ДУИ. После таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ да именува свој човек“, рече Села.

Тој додаде дека одбива да прави договор на договорот, посочувајќи дека при формирање на Владата е предвидено Алијансата да го земе Министерството за здравство.

„Само ако мининистер за здравство биде од Алијаснсата, премиерот Заев ќе покаже дека е сериозен и дека не подлегнува на притисоци. Бевме главни актери за да падне режимот, ќе бидеме фоксуриани остатоците од режимот останати во Владата да сносат одговорност пред лицето на правдата. Правдата е целосна ако се однесува на сите, без разлика дали се работи за сегашни или бивши функционери, сите кои работеле противзаконски треба да одговараат“, подвлече тој.

извор: Фокус