Таравари до Ахмети: Каде се реформите во ДУИ?

21 декември, 2017 | 13:40 часот | 441 прикажувања |

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со коментар на Фејсбук одоговори на превирањата во владината коалиција и на улогата на ДУИ. Таравари прашува како е можно ДУИ цело време да биде поштедена иако долги години беше дел од владата заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде се реформите во ДУИ?! Албанците ја казнија, правдата сега мора да ја заврши својата работа, инаку 60% од Албанците кои се преставувани од Алијансата и Беса ќе се почувствуваат повторно предадени од „реформистичката” заевистичка влада! Премиерот треба да знае дека Албанците треба да имаат свој глас, гласот што самите го одбрале, а не глас повеќе игра како што свират од македонската страна како на пример ДУИ, која зачудувачки е партијата која ги поврзува Заев и Груевски, овие двајца немаат ништо заедничко меѓу себе, освен нивната етничка припадност и ДУИ“, стои во дел од коментарот на Таравари.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера во емисија на ТВ21 партијата на Зијадин Села, Алијанса за Албанците, ја нарече несериозна, бидејќи имала само двајца пратеници. Со оваа изјава Ахмети ги подгреа шпекулациите за излегување на Алијансата од владината коалиција.