
Вчера во 19,10 часот во Скопје од стан на ул. „Џон Кенеди“ од тераса од третиот кат, паднал Ф.Ш.(34), и истиот со возило на итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје.
На повредениот му се констатирани тешки телесни повреди (масивно нагмечување на градниот кош и белодробните крила) и истиот е задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.