Старец од пехчевско Умлена изгоре во пожар во сопствениот дом

21 декември, 2017 | 13:09 часот | 613 прикажувања |

Од полицијата информираат дека вчера околу 21,20 часот во с. Умлена, пехчевско, во куќата сопственост на А.Г.(82) во која тој живеел сам, од засега непознати причини избувнал пожар.

А.Г. од страна на соседите и неговиот внук е пронајден починат во куќата. Пожарот е изгаснат од екипи од Територијална противпожарна единица Пехчево. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.