Попоски: Поднесов оставка само од ИК на ВМРО-ДПМНЕ

21 декември, 2017 | 12:59 часот | 1.788 прикажувања |

Во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, би истакнал дека минатиот месец имам поднесено оставка САМО од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, пишува ексминистерот за надворешни Никола Попоски на својот Фејсбук профил, по повод вчерашните написи во дел од медиумите дека поднел оставка од сите партиски тела.

„Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана“, вели Попоски.

Тој додава дека останува посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.