И охридските опозициски советници ја бојкотираа работата на Советот

21 декември, 2017 | 10:46 часот | 574 прикажувања |

Опозициската коалиција предводена до ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Охрид ја бојкотираше денешната четврта седница.

Причината за тоа е како што образложи координаторот Кирил Пецаков, притворањето на осомничените за собраниските настани од 27 април: меѓу нив и двајцата охридски пратеници, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Пецаков рече дека бојкотот на седниците на градскиот совет ќе трае се до ослободување на сите притворени за настаните од 27 април.

По заминувањето на опозициските советници, мнозинството продолжи со дискусијата за 19-те точки од дневниот ред, на кои се разговараше за разрешување на старите и именување на нови членови на управните одбори на јавните претпријатија во Охрид.

П.Д.