Во Чаир убиено младо момче

20 декември, 2017 | 19:57 часот | 497 прикажувања |

Непосредно пред 18 часот на улицата „Џон Кенеди”, во општина Чаир, кај автобуската постојка пред средното училиште „Цветан Димов” имаше вооружен инцидент, јави Нова ТВ.

Засега непознати лица со автоматско оружје, за кое МВР претпоставува дека е „АК-47“ пукале кон 24 годишно момче од Скопје кое излегувало од неговиот автомобил. Ранетиот итно бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.

Мотивите за убиството се уште се непознати.

Екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

извор: Нова ТВ