Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

20 декември, 2017 | 19:51 часот | 3.117 прикажувања |

Да не дозволиме новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде марионета. Ова го изјави Антонио Милошоски пред почетокот на Извршниот комитет на опозицијата.

„Нашите барања се добронамерни со цел да не дозволиме новиот партиски лидер однапред да биде познат и избран во една недемократска и нефер трка за претседател на Партијата“, рече Милошоски, кој е еден од триесетте високи партиски функционери кои јавно побараа одложување на изборот за нов партиски лидер за февруари поради, како што наведоа, нетранспарентен процес.

Во однос на обвинувањата од Груевски, кој јавно ги праша потписниците на барањето зошто молчеле досега и притоа им воочи дека одлуката за датумот за конгресот и бројот на делегатите била донесена едногласно, Милошоски рече дека многупати досега разговарале со Груевски во четири очи, а било разговарано и на состаноци со поширокото партиско раководство, но очигледно нивните сугестии биле прифатени само декларативно.

извор: Макфакс