ВМРО-ДПМНЕ: „Кеслер“ е инвестиција договорена од минатата Влада

20 декември, 2017 | 17:06 часот | 457 прикажувања |

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата во недостиг од економски план денеска се обидела да ја претстави како своја германската инвестиција „Кеслер“ што ја донела претходната Влада.

„Компанијата ‘Кеслер’ е најавена и договорена уште на почетокот на минатата година и истата е договорено најпрво да биде сместена во веќе постоечки објект во Скопје, за подоцна да биде пренесена во погони во западниот дел од државата. Поради економскиот неуспех и незнаење, Владата на Република Македонија го допре економското дно“, реагира опозицијата преку соопштение.

Оттаму додаваат дека новата Влада по седум месеци не донела ниту една своја инвестиција, проект или мерка.