ДИК: До 10 часот во Чаир гласале 32 лица

12 ноември, 2017 | 12:26 часот | 214 прикажувања |

Денеска се прегласува на гласачкото место 2901 во општина Чаир, а до 10 часот на гласање излегле 4,45 отсто од запишаните гласачи, односно 32 лица.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гучевска кажа дека гласањето започнало навреме и дека се одвива непрекинато.

Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност дококлу е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.