Едно лице загинато во вкупно 12 сообраќајки во Скопје

20 декември, 2017 | 13:32 часот | 838 прикажувања |

Во текот на вчерашниот ден (19.12.), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, една со тешки телесни телесни повреди и по пет со телесни повреди и материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице го изгуби животот, три лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест лица со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената. Седум возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи еден го управувал возило под дејство на алкохол додека шест возачи управувало возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради нерегистрирани возила од сообраќај е исклучено едно возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози, додека 60 возила се подигнати со “пајак”. Двајца возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, односно не дале првенство на минување на пешаци. Поради нeправилно престројување се санкционирани исто така – двајца возачи, додека тројца се санкционирани поради неправилно престигнување.