
Вчера во 18,00 часот во ПС-Кавадарци, П.Д. (85) пријавила дека непознато маскирано лице, вооружено со пиштол, влегло преку незаклучената влезна врата во станот и физички ја нападнал пријавителката удирајќи ја неколку пати во пределот на вратот, по што од вратот и го одзел златното ланче и го напуштил местото на настанот.
Од МВР информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.