Сообраќајка кај Елешец: Изгубила контрола над воланот и удрила во дрво

20 декември, 2017 | 13:23 часот | 504 прикажувања |

Вчера во 08,10 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум помеѓу авто-кампот „Елешец“ и с.Пештани, се случила сообраќајна незгода во која Л.Ц. (38) од с.Пештани, управувајки патничко возило „Даеву Нексија“ со охридски регистерски таблици изгубила контрола над возилото и со истото удрила во дрво.

Во незгодата, Л.Ц. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Болницата„Свети Еразмо“-Охрид, каде била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за Безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.