Обединети нации: Русија е окупациона сила на Крим

20 декември, 2017 | 10:48 часот | 736 прикажувања |

На генералното собрание на Обедниетите нации беше усвоена Резолуција со која се осудиваат наводните кршења на човекови права на Крим, а Русија се нарекува окупациона сила.

За усвојување на документот, предложен од Украина во соработка со уште 30 земји, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 беа воздржани.
Со резолуцијата се осудува руската привремена окупација на Крим и Севастопол, кои се сметаат како украинска територија и не се признава нивната анексија, пренесува ТАС.

Во резолуцијата се наведува дека напорите на Киев се насочени кон спречување на руската окупација на Крим. Ова е втора резолуција на Генералното собрание на ОН за Крим. Претходната беше усвоена во декември 2016 година.