
Времена измена на сообраќај со девијации – преминување од една коловозна лента во друга ќе биде воведена од утре на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан).
Како што соопштија од „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според известувањето добиено од АД „Илинден Струга“, изведувач на градежните работи, овој режим на сообраќај ќе трае до нивното завршување.