Влада: Мерцедесот ќе се продаде за набавка на болничка опрема

20 декември, 2017 | 10:24 часот | 467 прикажувања |

На вчерашната седница, Владата ја почна постапката за отуѓување на „мерцедесот“ од 600.000 евра на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од Владата информираат дека е започната постапката за отуѓување на „мерцедесот на Никола Груевски“, познат од бомбите кој вредеше 600.000 евра. Ова значи дека автомобилот премина во сопственост од МВР на Службата за заеднички и општи работи при Владата, по што ќе следува постапка за негово отуѓување и негова замена за болничка опрема.

Премиерот Зоран Заев на еден од митинзите во предизборната кампања рече дека дека ќе го вратат „мерцедесот на Никола Груевски“ и со тие пари ќе набават амбулантни возила за клиниките во Македонија.