Утре почнува зимата на северната хемисфера

20 декември, 2017 | 10:20 часот | 258 прикажувања |

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата календарски ќе почне утре во 17 часот и 28 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 8 минути.

Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат Сончево и студено со мала локална облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од -1 до 5 степени.

Зимата ќе трае 89 дена, до 20 март 2018 година во 17 часот и 15 минути кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.