ВИДЕО: Каролина го промовираше видеото за новиот сингл „Ѕвона“

19 декември, 2017 | 19:41 часот | 561 прикажувања |

Македонската поп пејачка Каролина Гочева го промовираше синглот „Ѕвона“. Синглот е најава за претстојниот албум, кој треба да излезе кон средината на февруари 2018-та година.

Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски- Мелем Продукција.

Каролина за новата песна „Ѕвона“ вели: „За сите што ни се во срцата, а не се со нас…И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува! Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме“