ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се разгледа барањето за одложување на Конгресот

19 декември, 2017 | 17:20 часот | 504 прикажувања |

ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето на дел од членовите на партијата за одложување на Конгресот што треба да се одржи викендов во Валандово.

„Станува збор за внатрепартиско прашање и партиските органи ќе одлучат дали ќе се одложи конгресот“, изјави Дарко Косотовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на обвинувањата за фаворизирање и трошење партиски пари за еден кандидат за претседател на партијата, Костовски вели дека и тоа е внатрепартиско прашање за кое ќе се дискутирало во, како што рече, убава атмосфера на партиските органи.

Триесет високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ обвинија за нелегитимен и нетранспарентен процес за изборот на претседател на партијата. Во отворено писмо тие бараат одлагање на конгресот за февруари, а дотогаш предлагаат со партијата да раководи колективно тело со три до пет члена.

Во писмото меѓу потпишаните се Борис Змејковски, Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски и други функционери на партијата.

извор: Макфакс