Специјалното јавно обвинителство отвори седум нови истраги

19 декември, 2017 | 13:59 часот | 435 прикажувања |

Специјалното јавно обвинителство објави отпочнување на седум нови постапки против вкупно 17 лица, кои се сомничат за лоупотреба на службена положба и овластување, измама во службата и други злоупотреби.

„Странски служби“, Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“ и „Транспортер 2“, се кодните имиња на нивите предмети кои ќе ги истражува правниот тим на СЈО.

Обвинителката, Фатиме Фетаи објасни дека истрагата „Странски служби“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување, а е отворена против две лица, извршувач и поттикнувач, поради сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Еден од осомничените тогаш бил началник на Одделот за оперативна техника во УБК.

Во „Друмарина“ поранешна пратеничка се сомничи за измама во службата за надомест за службени патувања и пријавување на лажни сметки од патарини.

„Рентген“ се однесува на поранешен министер за здравство, кој во 2012 година при јавна набавка за радиолошка опрема за 4 здравствени установи фаворизирал една од фирмите учесник во постапката. Во оваа постапка се споменува и една новинарка.

„Продуцент„ се однесува на периодот од 2009 – 2012, под сомнение дека тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство спротивно од законот за јавни набавки направил злоупотреба на службената положба и овластување и финансирал изработка на ТВ емисија.

„Лидери“ се однесува на договарање на политика за рушење на бесправно изграден објкект. Предмет на истрага се дејствијата во врска со објект изграден од 2011 – 2013, при што осомничено е лицето кое што се појавува како инвеститор.

„Тарифа 2“ е во врска со сомнежи за злоупотреба при имплементација на ЕРП софтвер во ЕЛЕМ.

„Транспортер 2“ е продолжение на „Транспортер“, а се однесува на превозот на ученици во Битола. Се води против 10 осомничени.

Во своето излагање, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, најави дека предметите „Скопје 2014“, „Актор“ и „Космос“, од неодамна се во рацете на Специјалното јавно обвинителство, односно овие предмети ги преземале од Обвинителството за организиран криминал.

извор: Алсат М