Богоев: Додека карпошани се гушеле, Стевчо дишел воздух од швајцарските Алпи

11 ноември, 2017 | 15:00 часот | 172 прикажувања |

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на Твитер објави фотографии од апарат за прочистување на воздухот што го користел неговиот претходник, Стевчо Јакимовски.

„Додека карпошани дишеле загаден воздух, Стевчо во канцеларија дишел воздух од „Швајцарски Алпи”, напиша Богоев.

Тој вели дека апаратот ќе биде дониран на некоја од градинките во општината.