Во 2017 убиени 65 новинари, 326 во затвор, 54 се држат како заложници

19 декември, 2017 | 12:55 часот | 407 прикажувања |

Според годишниот извештај на организацијата „Новинари без граница“, вкупно 65 новинари се убиени оваа година, 326 се наоѓаат во затвор, а 54 од нив се задржани како заложници.

Новинарите кои починале или се здобиле со смртни повреди поради извршување на своите работни задачи, или се убиени откако нивното известување некого разбеснело, се наведува во соопштението на РСФ.

Најголем дел од 60-те проценти на починати, се оние кои се убиени.

Иако, како што се наведува, овие бројки се загрижувачки, 2017 е година со најниска стапка на смртност на професионални новинари (50 убиени) во последните 14 години.

Новинарите бегаат од држави како Сирија, Јемен, Либија кои станаа премногу опасни, но РСФ наведува дека се поголема е и свеста за потребата за заштита на новинарите.

Падот не се однесува на смртта кај новинарките чиј процент е удвоен.

Во 2017 убиени се 10, додека во 2016 пет. Најголем дел од жртвите биле искусни и борбени истражувачки новинарки кои и покрај заканите, продолжувале да истражуваат случаи на корупција.

„Истражувачките новинари кои работата на големи приказни како што се корупција и скандали, играат улога како кучиња чувари и се мета на оние на кои им пречи нивното изветување“, вели генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоир.

Во опаѓање е и бројот на новинарите кои се наоѓаат во притвор. Кина и Турција и натаму се двете држави кои најмногу апсат новинари.

Во моментов 54 новинари се држат како заложници од недржавни групи како Исламска држава.