25 декември неработен за католиците

19 декември, 2017 | 12:38 часот | 3.802 прикажувања |

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2017 година (понеделник), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.