
Советничката група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, демонстративно ја напуштија денешната седница на Советот на Општина Битола.
„Во знак на поддршка на уставобранотелите и револт кон политичкиот реваншизам кој го спроведува власта, ние советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ја напуштивме денешната седница на Советот на Општина Битола! Да живее Македонија“, изјавија од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска на дневен ред на петтата седница на Советот на општина Битола е одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.