Двајца тетовчани се здобиле со тешки повреди во сообраќајка

18 декември, 2017 | 15:42 часот | 372 прикажувања |

Од МВР информираат дека вчера околу 21.20 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на с.Слатино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат кордоба“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Б. (23) од с.Долно Палчиште, тетовско и патничко возило „Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (32) од с.Одри, тетовско.

Во незгодата, возачот А.Ф. и двајца сопатници од возилото „Ауди“ се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на возилото „Сеат Кордоба“ и другите четири сопатници од возилото „Ауди“ се здобиле со телесни повреди. По укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, сите повредени биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Тетово.