Рочиштата за случаите „Насилство во Центар“ и „Траекторија“ одложени за следната недела

18 декември, 2017 | 15:18 часот | 453 прикажувања |

315 аудио снимки и СМС пораки од кои најголемиот дел не се јавно објавени се дел од доказите на СЈО за случајот со незаконската изградба на двата автопати во кој се обвинети поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски. Ги побараа аудио- записите за да концепираат одбрана и се пожалија дека до сега не им биле дадени.

Снимките на рака нема да ги добијат, појасни обвинителката затоа што можеле да ги злоупотребат, размножат и во нив да се вметнат други содржини. Ја упати одбраната увидот во овие докази да го направи во судот или во просториите на обвинителството.

Судењето за случајот „Траекторија“ се одложи затоа што во истата судница требаше да почне рочиштето за насилството во Општина Центар, на кое им се суди на Груевски и на Јанакиески. Но, и ова судење се одложи затоа што камерите за аудио- визуелно снимање на главната расправа ги земал друг судијата за да суди поприоритетен, притворски предмет– оној кој се води против дедото на починатата Тамара, кој се обиде да го убие екс- министерот за здравство, Никола Тодоров.

Нови судски рочишта за овие предмети се закажани за идната недела.

извор: МРТ