Почина најстарата личност на европскиот континент

18 декември, 2017 | 10:19 часот | 577 прикажувања |

Најстарата личност во Европа, Ана Вела Рубио, почина на возраст 116 години и 47 денови, во Дом за стари лица во Барселона.

Во истиот Дом, заедно со неа живеела и нејзината 90-годишна ќерка.

Ана Вела Рубио е родена на 29 октомври 1901 година во мало гратче во близина на Кордоба.

Во моментов, најстарата личност во светот е Јапонката Наби Таџима која има 117 година и 134 денови.