71-годишен маж нападнат од кучиња на плоштадот Македонија

18 декември, 2017 | 10:11 часот | 501 прикажувања |

Седумдесет и едно годишниот Б.Д. вчера околу 12:30 часот пријавил во полиција декана Плоштад Македонија поточно кај „Ристиќева Палата“, бил нападнат од кучиња скитници.

„Едно од нив го каснало, по што се упатил во болница каде што му била укажана лекарска помош“, информираат од полицијата.