
Во 74-тата година од животот почина Стамен Филипов, правник во пензија, познат и како човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставен суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија.
Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.
Филипов беше пензиониран правник од АРМ со чин потполковникм и уживаше голема почит меѓу своите колеги. Тој пред Уставен суд ги оспоруваше Законот за лустрација , законот за измени на ДДВ, и многу друг.
фото: Академик