НСДП прослави 12 години од основањето на партијата

17 декември, 2017 | 18:21 часот | 443 прикажувања |

Новата социјалдемократска партија – НСДП прослави 12 години од основањето на партијата.

На прославата свое обраќање пред членовите на партијата, симпатизери и претставници на дргуи политички партии, имаше претседателот Тито Петковски, кој изрази задоволство од тоа што 12 годни НСДП опстојува и дава свој белег на политичката сцена, како на локално така и национално ниво.

„Овој роденден го одбележуваме во услови на изменети општесвено-политички услови, по долгогодишна диктатура и политички кризи Македонија успеа да концентрира политичка волја и силна енергија за пораз на политичките сили кои земјата ја заковаа на доното од европските перспективи“, рече Петковски во своето обраќање.

Тој истакна дека граѓаните за првпат масовно се мобилизираа врз социјална основа, притоа надминувајќи ги етничките и верски разлики.

„За првпат во повеќепартиската историја на Република Македонија, припадниците на различни етнички заедници масовно гласаа за партија и партии со доминантна припадност од друга етничка заедница. Живеачката, стандардот, човековите права и слободи за првпат стнаа поважни од митологијата и етничката припадност“, рече Петковски.

Претседателот на партијата апелираше дека мора на сите ниво на власта да се демонстрира јасна желба за градење на демократско општество со вклучување на граѓаните без разлика на нивната политичка припадност, притоа нагласувајќи дека само со единство може да се дојде до решение на сите витални прашања за опстанокот на државата.

извор: Макфакс