Тројца космонаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица

17 декември, 2017 | 12:59 часот | 389 прикажувања |

Руската ракета Сојуз МС-07 со тројца космонаути од Русија, Јапонија и од САД полета кон Меѓународната вселенска станица. Ракетата со космонаутите Антон Шкаплеров, Норишиге Канаи и Скот Трингл беше лансирана ноќеска од космодромот Бајконур во Казахстан. Тие денеска треба да пристигнат на Меѓународната вселенска станица која орбитира на 400 километри над површината на Земјата.

Ова е трета мисија на Шкаплеров, додека другите двајца се прв пат во вселената.

На станицата во моментов има тројца космонаути, а тројца се вратија на 14 декември.

Тие ќе останат во вселената шест месеци.

извор: РСЕ