Виничанец силувал десетгодишно девојче

17 декември, 2017 | 12:53 часот | 456 прикажувања |

Од МВР информираат дека вчера во полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка.

По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт.

А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ по член 188 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.