МЗТ Скопје претрпе убедлив пораз од Партизан во АБА лигата

17 декември, 2017 | 11:27 часот | 589 прикажувања |

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе уште еден убелив пораз во регионалната АБА лига.

На гостувањето во Белград кај Партизан во меч од 12.коло, МЗТ Скопје Аеродром загуби со 112:94 по четвртини 32-19, 37-23, 19-28 и 24-24.

Целата работа беше завршена уште по првото полувреме во кое аеродромци примија 69 поени, а постигнаа 41.

Бојан Трајковски со 20 поени беше најефикасниот играч на МЗТ Скопје. Двоцифрен број на поени постигнаа и Дарко Соколов 14, Јуре Лалиќ 13 и Дамјан Стојановски12.

По овој меч, МЗТ Скопје останува „закован“ на дното на табелата само со 2 победи и дури 10 порази, додека Партизан е на 5.место со 6 победи и исто толку порази.

Во следното 13.коло, МЗТ Скопје го пречекува ФМП во меч закажан за во петок (22 декември).