Ефтов: Дали името „Нова Македонија“ ќе биде клучниот сведок за национална капитулација?

16 декември, 2017 | 22:53 часот | 1.099 прикажувања |

Дали името Нова Македонија ќе биде доказ и ќе биде клучниот сведок за македонската национална капитулација? На оваа тема ќе се разговара во најновото издание на емисијата „Во центар“ на македонскиот новинар Васко Ефтов.

Негови соговорници се Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и архимандритот Никодим Царкњас, македонски свештеник во северниот дел на Грција и борец за проповед на македонски јазик во местата населени со етнички Македонци.

Емисијата премиерно се емитува на ТВ Алфа во недела, со почеток од 21 часот и 45 минути.