Венко Филипче ќе биде нов министер за здравство?

16 декември, 2017 | 22:37 часот | 473 прикажувања |

Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.

Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.

Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство.