Хан: Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ

11 ноември, 2017 | 10:32 часот | 142 прикажувања |

Западен Балкан врши притисок за отворање на вратите на ЕУ, додека Велика Британија излегува од Унијата, а на пролет може да биде дадено зелено светло од Брисел за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија, пишува австриски „Курир“.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан потврдил дека Македонија и Албанија се на добар пат кон ЕУ, пишува весникот.

Жан-Клод Јункер ја посочи 2025 година како можен термин за прием на нови членки во ЕУ, но според Хан, ниту една држави засега нема гаранции дека тогаш ќе стане членка. Според еврокомесарот поставувањето рокови може да претставува опасност за земјите од Западен Балкан кои нема да го постигнат рокот, па може да назадуваат.

Во февруари, Европската Комисија ќе претстави стратегија за Западен Балкан за зајакнување на европерспективите и неопходните реформи во регионот. Се очекува Македонија и Албанија да добија позитивна оценка со што ќе се обезбеди основа земјите членки на ЕУ да го отворат патот за започнување на пристапните преговори.

Бугарија ќе претседава со ЕУ во првата половина од 2018 година, а потоа следат Австрија, Романија, Финска и Хрватска, односно земји кои што се залагаат за евроинтеграција на Западен Балкан.

Како позитивен момент, посочен од Хан во Тирана бил подобрената клима во односите помеѓу Македонија и Грција со што се отвораат можности за евентуален крај на грчата блокада.