Вредноста на биткоинот надмина 19.000 долари

16 декември, 2017 | 22:10 часот | 342 прикажувања |

Курсот на биткоинот првпат го премина прагот од 19.000 американски долари откако неговата вредност се зголеми за 8,2 отсто, соопшти електронската берза за криптовалути „Коиндеск“ (Coindesk).

На крајот на ноември вредноста на биткоинот првпат се искачи над 10.000 долари и оттогаш е во постојан раст.