Момче од Кочани остана без своето Ауди А5 вредно 30.000 евра

16 декември, 2017 | 16:11 часот | 458 прикажувања |

26-годишен жител на Кочани вчера околу 12 часот пријавил дека истиот ден околу 11.45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец.

На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.