Принцот Хари и актерката Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај

16 декември, 2017 | 10:11 часот | 510 прикажувања |

На 19 мај идната година е закажана свадбата на принцот Хари и Меган Маркл. Свеченоста ќе се одржи во капелата Сент Џорџ во Виндзорскиот двороц.

Двојката минатиот месец соопшти дека по 18 месеци врска се вериле.

Принцот Хари е петти по ред во линијата за наследување на британскиот престол, а со актерката се запознал преку заеднички пријател на почетокот на 2016 година.