Заев и Рама во посета на Мала Преспа и Пустец

16 декември, 2017 | 10:00 часот | 364 прикажувања |

Премиерите на Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска ќе ги посетат Македонците кои живеат во Мала Преспа и Пустец.

Во Пустец двајцата премиери ќе остварат средба со претставници на локалната самоуправа, а ќе го посетат и училиштето и ќе донираат опрема за учениците.

Владите на Република Македонија и на Република Албанија вчера во албанскиот град Подградец одржаа прва заедничка седница, на чиј дневен ред беа повеќе теми насочени кон унапредување на билатералната соработка.

„Република Македонија и Република Албанија очекуваат наредната 2018 година да ги започнат преговорите за зачленување во Европската унија, да го искористат моментот на позитивна клима во регионот за напредок во тој процес“, беше пораката што ја испратија Заев и Рама на заедничката прес-конференција од Подградец.