Скопјани утре на протест: „Станете за чист воздух“

15 декември, 2017 | 22:37 часот | 520 прикажувања |

Под мотото „Станете за чист воздух“ во Скопје утре ќе се организира граѓански протест против големото загадување на воздухот во главниот град. Како што истакнуваат иницијаторите на протестот кој е закажан на социјалните мрежи, настанот не е организиран од политичка партија, туку е организиран “од граѓани…организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух“.

Организаторите препорачуваат носење на маски на протестот и транспаренти по инспирација на секој учесник.

Помеѓу мерките кои се бараат од локалната и централната власт се и итно чистење на сите главни и споредни улици во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови освен за возила на пожарна, полиција, брза помош, службени возила за истовар на роба, бесплатен јавен превоз, исклучување од сообраќај на старите возила кои загадуваат, вклучувајќи ги и оние на КХС, забрана за градежни активности во период на загеден воздух (ноември, декември, јануари), субвенциониран приклучок на топлификација за сите граѓани, итно и транспарентно мониторирање на индустриските погони, големи и мали, кои испуштаа стакленички гасови, помош за домаќинствата кои немаат финансии за греење па палат што ќе најдат, итно чистење на сите диви депонии во градот, како и санкции за палачите на огнови на отворено.