ССМ бира претседател на вонреден конгрес во Охрид

11 ноември, 2017 | 10:21 часот | 416 прикажувања |

На вондреден конгрес кој ќе се одржи денеска во Охрид, Сојузот на синдикати на Македонија ќе го избира новиот претседал. Како единствен кандидат за функкцијата „прв синдикалец“ е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

За претседател на ССМ конкурираа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Ацо Антовски, но нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ бидејќи не ги исполнувале условите.