Шилегов: Граѓаните да дадат идеи за решавање на проблемот со загадувањето

15 декември, 2017 | 15:49 часот | 240 прикажувања |

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов упати повик до сите граѓани кои имаат некаква идеа или предлог за решавање на проблемот со загадувањето да дојдат во понеделник во просториите на градот Скопје за да ги претстават.

„Апелирам секој граѓанин кој има одржлива идеја за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот да дојде во просториите на Градот Скопје во понеделник меѓу 12:30 и 14:30 часот и да ги сподели тие идеи. Заедно ќе ги ги разгледаме можностите заедно колку тие решенија се применливи и колку реално можат да придонесат во решавање на проблемот“, рече Шилегов.

Тој потенцираше дека на вчера отворената линија 193 за пријава на пожари на отворено имало само две пријави, по кои имало две интервенции.

„Екипите дежураат 24 часа дневно и по пријава излегуваат на терен. Ги замолувам граѓаните ваквите пријави или сознанија за какво било нарушување на амбиенталниот воздух да ги доставуваат до тој центар за да може да се санираат акутните состојби“, истакна скопскиот градоначалник одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Првиот семеен центар на Град Скопје.