ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието

15 декември, 2017 | 12:07 часот | 269 прикажувања |

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија на ниту една од трите закажани седници, информираше пратеничката Ане Лашкоска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека нема да учествуваат поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички не истомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија.

„Сакаме да ве информираме дека како пратеничка група секојдневно имаме активности, секојдневно имаме средби со амбасадорите, кои што ги информираме за актуелната политичка ситуација. Би сакале да ја информираме јавноста дека како пратеничка група и понатака ќе продолжиме со ваквите наши активности“, потенцираше Лашкоска.