
Од МВР информираат дека вчера околу 14.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово-полициска станица Гостивар извршиле контрола во спортска обложувалница во с. Градец, гостиварско, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар.
Во обложувалницата било затекнато лицето А.Џ. (25) од с. Градец, кој бил вработен таму. Во објектот без фирма биле пронајдени и одземени девет телевизори, шест покер апарати, три компјутерски куќишта, два монитори, два читачи, четири принтери, една тастатура, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.