Крадци „олесниле“ гостиварец за 3 илјади евра

15 декември, 2017 | 11:58 часот | 353 прикажувања |

Вчера во периодот од 11.30 до 23.30 часот, непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Ф.Ј. (45) од Гостивар.

Сторителите насилно го отвориле прозорецот во приземјето, влегле внатре, и одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит и бижутерија, по што побегнале во непознат правец. На тој начин, според пријавеното, сторителите се стекнале со имотна корист од околу 180.000 денари.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.